🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Турбуленции на летот на Катар ервејс за Даблин, 12 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
529fb552-2e6f-46f1-8698-0012d2ef6817

Дванаесет лица кои патувале со летот на „Катар ервејс“ од Доха за Ирска се повредени за време на турбуленции, соопшти денеска аеродромот во Даблин, додавајќи дека авионот слетал безбедно и според распоредот.

— реклама —

Авионот Боинг 787 Дримлајнер го заврши летот QR017 непосредно пред 12 часот по локално време, соопштија од аеродромот.

— реклама —

„По слетувањето, авионот го пречекаа службите за итни случаи на аеродромот во Даблин, односно вработени во полицијата, противпожарната и спасувачката служба. Шест патници и шест членови на екипажот пријавиле повреди откако авионот поминал низ турбуленции додека летал над Турција“, се вели во соопштението. .

Ирската телевизија RTE, повикувајќи се на патници кои пристигнуваат на аеродромот, соопшти дека инцидентот траел помалку од 20 секунди и се случил за време на услугата за храна и пијалоци.

Катар ервејс не одговори веднаш на барањето за коментар.

Инцидентот се случи пет дена откако авион на Сингапур ерлајнс на летот од Лондон до Сингапур принудно слета во Бангкок поради силни турбуленции, при што загина 73-годишен Британец, а 20 беа на интензивна нега.

Авионските несреќи поврзани со турбуленции се најчестиот тип, според студијата од 2021 година на Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД.

Од 2009 до 2018 година, американската агенција откри дека турбуленциите сочинуваат повеќе од една третина од пријавените авионски несреќи и дека повеќето резултирале со една или повеќе сериозни повреди, но без оштетување на авионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања