🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Дамјан Марковски тргна пеш од Скопје до Острог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
IMG_4192

Дамјан Марковски започна 400-километарски предизвик во чест на Св. Василие Острошки, кој придонел во оздравувањето на член на неговото семејство, но и за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија. Оваа иницијатива ја објави фондацијата „Марко Божиновски“, која е основана во чест на ракометарот Марко Божиновски. Фондацијата има за цел да поддржи млади талентирани спортисти и да им овозможи поквалитетен живот преку спортот.

— реклама —

Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, тргна на пат утринава во 6 часот да пешачи од Скопје до манастирот Острог, околу 400 километри, за да изрази благодарност кон Св. Василие Острошки. Тој досега има поминато 32 километри.

Со овој подвиг, Дамјан исто така сака да ја подигне свеста за потребата од подобра медицинска грижа за младите спортисти. Па така, тој заедно со фондацијата ги повика сите да донираат симболичен износ за набавка на средства за Polar мерачи на линкот во био се додека не бидат објавени броевите.

— реклама —

Polar мерачите можат да предупредат на потенцијални срцеви проблеми и да спречат трагедии. Па така со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти можат да се спречат трагедии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања