Македонија

(Видео) Мицкоски ги кажа сите идни министри од ВМРО-ДПМНЕ: Мисајлоски, Николоски, Муцунски, Тошковски…

Мандатарот Христијан Мицкоски кажа дека собраниското мнозинство ќе има и двотретинска поддршка за дел од законите. Централниот и Извршниот комитет ги потврдија министрите кои ќе бидат предложени до Собранието. Мицкоски кажа дека луѓето кои ги предлага се чесни кадри, во кои има надеж.

„Заменик-претседател на Владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски, верувам во неговата способност. Министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајлоски. Министер за финансии ќе биде Гордана Димитроска-Кочоска, човек со искуство во финансиите. Предлог за министер за надворешни работи ќе биде Тимчо Муцунски. Министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински, тој го водеше и мојот кабинет, беше директор на скопски Водовод“, рече Мицкоски.

Тој додаде: „Министер за администрација ќе биде Стефан Андоновски. Министер за спорт ќе биде Борко Ристоски. Предлог за министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновски, која е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог за министер за земјоделие ќе биде Цветан Трипуноски. Министер за култура и туризам ќе биде Зоран Љутков, кој има блескава актерска кариера и се надевам на сериозен ангажман. Министер за внатрешни работи ќе биде Панче Тошковски. Весна Јанеска ќе биде предлог за министер за образование“.

Мицкоски кажа дека очекува многу работа.

На почеток