„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Откриено е во каква здравствена состојба е принцезата Ана по вчерашниот инцидент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

Иако вчера британските медиуми ја пренесоа објавата на Бакингемската палата дека повредите на принцезата Ана се „благи и не загрижуваат“, кралскиот експерт сега тоа го демантираше. Имено, тој рече дека здобиените повреди „не се мала работа“.

— реклама —

Принцезата Ана (73), единствената сестра на кралот Чарлс Трети, е во болница откако вчера вечерта била удирена од коњ во главата и доживеала потрес на мозокот на нејзиниот имот во Геткомб парк во Глостершир.

Бакингемската палата веднаш по инцидентот соопшти дека помладата сестра на кралот Чарлс претрпела „лесни повреди“ и дека „се очекува целосно закрепнување“.

— реклама —

Но, кралскиот експерт Мајкл Кол предупреди дека таквата повреда на нејзина возраст „може да предизвика нешто посериозно“.

„Фактот што принцезата Ана беше задржана во болница преку ноќ покажува дека тоа не е ситна работа. Со потрес на мозокот, тоа може да биде само удар во главата и гледање ѕвезди неколку минути, но може да биде нешто посериозно, не сум слушнал дека е пуштена од болницата во Бристол и можеби станува збор за продолжен престој.“, изјави експертот за Метро.

"Таа е многу силна. Но, тоа не е мала работа. Тие не носат никого во болница за ништо. Фактот дека таа е таму укажува дека постои загриженост. Таа е веројатно на најдоброто место, но за нејзините години тоа е сериозна работа“, рече Мајкл.

Принцезата Ана моментално престојува во болницата Саутмед во Бристол, а нејзиниот сопруг Сер Тим Лоренс е цело време со неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

maz

Смртен случај во кралското семејство

Магазин | пред 1 година

ana

Драма во Бакингемската палата: принцезата Ана, сестра на кралот Чарлс, итно примена во болница

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Хари само што доби директен удар од кралот Чарлс и принцот Вилијам

Магазин | пред 1 година

137383_profimedia0358388672_ls

Меган Маркл има стратегија кога се пријателите во прашање: Британска новинарка открива шокантни детали за војвотката

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања