Промени тема
Контакт

Ужас ја потресе Македонија: Татко од прилепско ги силувал сопствените три ќерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
policija

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 2021 до 2023 година, во повеќе наврати, осомничениот во својот дом вршел полови дејствија врз неговите три ќерки, родени 2008, 2010 и 2014 година, кои во време на сторување на делата немале наполнето 14 години.

— реклама —

Истрага е поведена и против мајката на децата, која е осомничена за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Делото го сторила со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување и ги запуштила своите ќерки, кои и кажале дека таткото врши полови дејствија и обљуба врз нив, а таа ги убедувала дека е срамота да пријават и дека треба да ги почитуваат родителите. Со тоа допуштила децата жртви да живеат заедно со нивниот татко кој полово ги злоупотребувал и не презела никави мерки за нивна заштита. На 27 јуни, едно од девојчињата се охрабрило и го пријавило таткото во полиција.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за двајцата родители и иницира соодветно згрижување на сите деца од семејството преку надлежните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања