Македонија

(Видео) Албански планинари го симнаа македонското знаме на Кораб и ставија албанско

Албанскиот планинар од Пешкопеја Изет Шулку со неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.

На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.

„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша Шулку на својот фејсбук-профил и го објави видеото.

Засега нема реакции од македонските власти за оваа провокација на групата албански планинари кон македонскиот државен симбол.

На почеток