🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Франција ги избрка бездомниците од Париз пред Олимпијадата: Нè натрупуваат во автобуси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Pariz-teroristichki-napad

Француската влада спакува илјадници бездомници имигранти во автобуси и ги испрати надвор од Париз пред Олимпијадата.

— реклама —

Имигрантите рекоа дека им било ветено сместување на друго место, за на крајот да бидат оставени на непознати улици далеку од нивните домови или обележани за депортација, пишува NY Times.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека Олимпијадата ќе ја покаже големината на земјата. Но, Олимпиското село е изградено во едно од најсиромашните предградија на Париз, каде што илјадници луѓе живеат во улични кампови, засолништа или напуштени згради.

— реклама —

„Бевме избркани поради Олимпијадата“, изјави Мохамед Ибрахим од Чад, кој бил избркан од напуштена фабрика за цемент во близина на Олимпиското село. Тој се преселил во празна зграда јужно од Париз, од која полицијата ги избркала станарите во април. Еден автобус ги одвел два часа југозападно до град надвор од Орлеанс.

„Ти даваат случаен билет“, рекол Оумар Аламин од Централноафриканската Република, кој бил во автобусот. „Ако е билет за Орлеанс, вие одете во Орлеанс“.

Официјални лица во владата на г-дин Макрон одбија да коментираат. Но, тие рекоа дека тоа е доброволна програма наменета да го олесни итниот недостиг на станови во Париз.

Нема доволно засолништа за 100.000 бездомници кои живеат во и околу Париз, што е половина од вкупниот број во Франција, па владата минатата година формираше 10 привремени засолништа низ целата земја.

Центарот на Олимпијадата е Сена-Сен Дени, каде што секој трет човек е имигрант, што е најголем процент во земјата. Владата потроши милијарди за реставрација на областа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања