🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Пожари гаснат и Армијата со полицијата: На границата со Бугарија има сериозно голем пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
0-02-05-01dd3eb3265ca724c316129e12f4b10c66e7f76c4be2038ea804a387cfe7c3f0_2920c21332a

ЦУК информира дека имаше 21 пожар на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат седум пожари (7). На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени.

— реклама —

Активните седум пожари (7) се во општините: Неготино, во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село, над с.Бадилен, кај месноста „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец (мешовита шума); Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор); Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

— реклама —

Изгаснатите 14 пожари на отворено беа во општините: Петровец, с.Петровец; Гази Баба, Парк шума Гази Баба; Струмица, селата Добрејци и Пиперово; Валандово, месност „Двете реки“; Охрид, с.Велгошти; Струга, с.Корошишта (стрниште); Центар Жупа, с.Житинени; Кичево, 4 интервенции, Спортска сала-Кичево, с.Колибари Вигор Деленци и Трапчин Дол; Виница, на планината Плачковица (букова шума) и во Општина Тетово, 2 интервенции с.Непроштено и с.Буговиње (ниска вегетација), а и Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки).

Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со неколку воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања