Скопје

(Видео) Пустош, змии, руини, сцена како од хорор филмови, кој ги „лапна” парите на скопјани за изградба на езерото Треска

Руина, пустош, исечени и исушени дрвја, трева до колена, змии. Тоа е се што остана од некогашното популарно место за разладување и уживање на скопјани, езерото Треска.Од трските не се ни препознава местото каде некогаш беше езерото. Местото е како тука да се снима некој хорор филм.

Пред две години Општина Сарај почна со уривање на објектите. Прво нелој дозволи да се изнесе целото железо за препродавање, а потоа се отстранија бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тушеви и тоалети. Камперите кои тука го бараа спасот од скопските горештини протестира, но толку, градежната механизација си го заврши своето.

Но ништо не е ни почнато да се прави од тоа што беше кажано и зацртано. Сега царуваат само змиите.

За скопјани остана нејасно кој го разграби нивното езеро и колку се офајди.

Во 2020 година, Владата дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се цртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.

Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 1980-тите и 1990-тите функционираше бешеглавно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое беше длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година, поради загаденост на водата е затворено за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, комплексот околу езерото е целосно уништен и никој ништо не кажува дека нешто се размислува да се превземе.

To Top