Македонија

Амбасадорот Жерновски повикан на разговори, внукот на Ахмети ги пакува куферите во Брисел – одлуки на Муцунски

Андреј Жерновски, амбасадорот на Македонија во Романија, наредните денови да допатува од Букурешт во Скопје и да седне на консултации со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Муцунски досега на консултации ги повика македонските амбасадори во Тирана и Рим, Данчо Марковски и Весел Мемеди и амбасадорот на Македонија во Обединетите нации, Љубомир Фрчкоски.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски го прекина договорот и на Бесиан Ахмети кој е внук на контроверзниот лидер на ДУИ, Али Ахмети.

Бесиан досега ја извршуваше функцијата прв секретар во македонската амбасада во Брисел. Муцунски, една година пред предвиденото го прекина неговиот договор и го враќа во Скопје. Ваквата одлука следува по откривањето на негова наводна вмешаност во злоупотребата на концесија на рудник кај Кичево.

На почеток