Скопје

(Видео) Запустено Скопје: на +45 степени фонтаните не работат, наместо вода во нив куп ѓубре

Скопје никогаш повалкано, никогаш позапустено. Ова е главната констатација за градот кој претендираше да биде метропола. Данела Арсовска вети и донесе промени, особено видливи за жителите.

Голем дел од градските фонтани не работат и на +45 степени, автобусите не доаѓаат според распоредот, ЈСП е пред банкрот и куп долгови, градот трупа сметки, Водовод не е во состојба да го заврши ниту проектот за прочестителна станица, Комуналец не успева навремено да го собере сметот.

И ова се само дел од проблемите. Скопје остана со кучињата на улиците и билтени во кои каснувањата се скоро секојдневие. Наместо без депонии како што вети Данела, градот има депонии кои горат и граѓани кои се гушат.
Посебно фрапантна е затвореноста на Град Скопје, каде одговори за јавноста не се добиваат со месеци, но и години. И ова, спротивно на ветувањето за транспарентно работење.

На почеток