Македонија

Министерката за финансии се закани: Ако се намалат функционерските плати јас заминувам

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе се намалат функционерските плати, откако минатата година беа зголемени за цели 78% се закани дека ќе замине доколку се донесе таква одлука. Според неа решението не е во намалувањето на платите на избраните и именувани лица, бидејќи според неа додека министрите работат многу и напорно, други се одмараат на викенди и празници.

„Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат, јас заминувам. Еве, платата на министер е 115 000 денари. Јас приватно работев и повеќе заработував. јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено, вели министерката за финансии.

На почеток