Скопје

(Фото) Ужасна несреќа во Автокоманда

Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и „16-та македонска бригада“ во Автокоманда. Засега не се знае состојбата на патниците, од кои, дел се однесени итно во болница со Брза помош.

Едно од возилата, од силината на ударот, е превртено на кров. Патниците едвај биле извлечени, а на целата улица има куп остатоци од делови од автомобилите.

Закочен е излезот, само према Ќерамидница може да се излегува, према Центар – не.

Детали се очекуваат од МВР.

На почеток