Исчезнатата Клара е пријавена и во полиција, а од МВР има и потрага. Девојчето од Илинден има здравствени проблеми.
„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р“, велат од МВР за „Скопје1“.
Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето.
(Фото) Се бара Клара од скопски Илинден: Излегла вчеравечер, не се вратила
Младо девојче од скопски Илинден се бара со апел преку социјалните мрежи.„Излезена вчера во 18:00часот во н.Илинден Со себе носи црни кратки панталони,црна блуза со натписи и црно сиви патики. Висина: 165 cm Тежина :56 kg Очи: Кафено-Зелени, Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, стоив о апелот објавен од Ивана Тасева.„Скопје1“ побара детали за случајот од објавувачот на апелот, но досега, не добивме повратен одговор.Од МВР чекаме потврда дали ова девојче е пријавено за исчезнато кај нив.[caption id="attachment_298449" align="alignnone" width="1380"] Screenshot[/caption]
Скопје | пред 1 година