Македонија

(Видео) Арсовска без срам, не си оди од Град Скопје: наместо одговори, напади кон новинарот на „Скопје1“, кого го галеше по лице

Скопската градоначалничка Данела Арсовска не се срами, ниту пак планира да си оди од Град Скопје. Таа немаше одговор како го направила долгот на Градот да биде 575 милиони денари.Наместо одговор на прашањето дали ќе поднесе оставка, таа галејќи го новинарот на „Скопје1“ му рече: „За вас ми е многу жал“ и одговори на прашањата најави за попладне.

На прашањето дали се срами од тоа што градот е катастрофа невидена, немаше одговор туку напад кон новинарот со „Жал ми е што морате овие работи да ги правите“.

На укажувањето дека таа мора да чисти и да се грижи за Градот, Арсовска не искоментира ништо, а на прашањето како го направила долгот 575 милиони денари рече: „Не ги разбирате овие работи. Извинете, ќе се видиме подоцна, се ќе ви одговорам“.

‘Во текстот е направена ненамерна техничка грешка за износот на парите, која ја корегиравме.

На почеток