Утрово пред Бит пазар, се запали уште еден автобус. Навремената реакција по чадот од моторот - спречи катастрофа. Возачот излезе со две противпожарни боци со кои превенираше поголема катастрофа.
Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда.
Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кај Бит Пазар - снимки од дел од расипаните автобуси во текот на месецов
Немало пожар, туку пареа, тврдат од ЈСП за автобусот кој утрово пред Бит Пазар остана дефектен, а граѓани сведочат дека се запалил. Според ЈСП, било скинато црево за антифриз. За нив, тенденциозно е да се информира дека автобусите постојано се расипуваат.„Тенденциозна е намерата дека постојано имаме случаи на запалени автобуси по скопските улици, земајќи го предвид фактот дека просечната старост на автобусите е 13 години и оттука произлегува потребата за набавка на нови автобуси во возниот парк на ЈСП. Имено, станува збор за пареа, а не како наведеното дека се работи за пожар. Во истиот момент кога се случил дефектот (скинато црево за антифриз), возачот реагирал исправно по што бил спремен и го извадил ПП апаратот, но не го употребил“, велат од ЈСП.Сепак, како што и претходно информиравме, скоро секојдневно автобуси на ЈСП остануваат дефект по скопските улици, на што сведочат граѓаните. Па така, вчера, беше интервенирано на автобус кој вози на линија 5-ка.Пред два дена, беше влечена со камион автобус на линија 22-ка.Во автобусите, минатата недела имаше и инцидент со контролор, по револт на патничка која не платила карта бидејќи автобусот доцнел цел саат.Минатата недела, исто така дефект остана и 58-ца, чиј возач со саати чекаше помош од колегите.Истиот период, имаше и расипан автобус и на Рекорд, кој беше влечен до база.Исто така пред седум дена...На 12 август, автобус се расипа на Илинденска.И ваквите случаи можеме да ги редиме уште куп. Потсетуваме дека претходно се запанија два автобуси во Бутел и под Железничка. Притоа, еден автобус имаше сообраќајка, а возачот тврдеше дека е технички неисправен.
Скопје | пред 1 година
View this post on Instagram