Промени тема
Контакт

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4387

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието.

“Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект.

— реклама —

Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат.

СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел.

— реклама —

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот”, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

279065916_559153508901051_5164875049892922028_n

Платата во образование доцни, реагира лидерот на СОНК

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-09-23-at-17.31.00

Огромно незадоволство на членовите на СОНК, оти платите не им се усогласени на професорите

Македонија | пред 1 година

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски за платите на наставниците: Ова зголемување е најголемото досега

Македонија | пред 4 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Се договрија наставниците со државата, откриен процентот на покачувањето

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања