Ново пукање, овојпат во Арачиново: 19-годишно момче се скарало со пукачот, па тој го застрелал
Од
Објавено на
Вчера околу 23.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека околу 20.30 часот кај нив со прострелна рана од огнено оружје бил донесен Б.Р.(19) од с.Арачиново, скопско.
Според пријавеното, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон Б.Р..
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.