Скопје

Сибиновски се повлече од директорската позиција на средното училиште ,,Владо Тасевски”

Александар Сибиновски по пет и пол години се повлекува од функцијата директор на средното училиште ,,Владо Тасевски”.

Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото опремување на училиштето.

,,Во животот сум ги прифаќал сите предизвици.
Недвосмислено сум се вложувал со душа и срце за работите кои ми значат.
Изминативе години создадовме училиште какво што само може да се посака, средина која поттикнува и инспирира, дом во кој учениците го живеат својот сон, а го сонуваат својот живот!

Но, понекогаш стремежот за континуиран развој, за подобро утре, доведува до несогласувања, а кога ќе се појават тие, доблесно е да се разделиме за доброто на сите.

Драги колеги, ученици, пријатели и останати.
Од денес престана мојот мандат како директор на СУГС Владо Тасевски врз основа на поднесена оставка до градоначалник на гр. Скопје.
Од утре, стариот Александар е долу во спортската сала! 🙋‍♂️
Бела маица и шорц за момците, бела маица и тренерка за девојките е задолжително за час по спорт.”, напиша Сибиновски.

На почеток