Скопје

(Вознемирувачко видео) Силувачот во Кисела Вода се обиде ладнокрвно да замине, додека жената не можеше да се соземе од шокот

Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде „Скопје1“. Ја спасиле врисоците, но и упорната борба со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, а нападот врз неа се случува непосредно пред булеварот „Борис Трајковски“, кај црквата.

Силувачот не се откажува и натаму ја држи соборена на земја, по што, доаѓа лице од страна кое му го одвлекува вниманието, а жртвата успева да избега. Откако жената поминува улица, истото го прави и силувачот, а тука излегува и уште еден маж кој ги слушна врисоците.

Додека жртвата е исплашена и во шок, лицата кои и помогнаа на жената тргнаа да го фатат лицето и го совладаа. „Скопје1“, претходно објави снимки од тој момент.

Засега е познато само дека станува збор лице со иницијали С.Г., кој има 31-година. Обвинителството побара, а судот му изрече 30 дневен притвор.

*Жртвата е замаглена на снимката, а нејзиниот глас измутиран – со цел нејзина заштита.

На почеток