(Видео) Црнее и смрди од Маркова река: граѓанин тврди дека „Дрисла“ ја загадува, а депонијата лани плати казна за ова
Снимка од скопјанецот Сених Браховиќ покажува како се загадува Маркова река. Тој утринава, снимил како течности се излеваат во неа. Тврди дека ова е последица Дрисла.
„Ни дојде првиот дожд и првите проблеми со депонијата Дрисла. Денеска сме вторник, повторно депонијата Дрисла испушта исцедок во Маркова река. Видете како ги уништуваат рибите, жабите, се што постои во оваа вода. Од Маркова река во Драчево, Лисиче ги полеваат бавчите. Се осеќа страшна смдреа.. Со појака вода пуштале, погледете“, вели Сених Браховиќ.
Тој рече дека ќе се повика Државниот инспекторат и полицијата.
Ова не е првпат да е ваква состојбата со Маркова река. МакедонијаЗа загадување на Маркова Река, ЈП „Дрисла“ се соочуваше со глоба од 120 илјади евра во септември минатата година.