🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски: Граѓаните да се чуствуваат безбедни, инциденти ќе има

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
image_123650291

Граѓаните треба да се чуствуваат безбедни и слободно да си се чуствуваат безбедни. Но ваков тип на изолирани инциценти ќе има тврди премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес со Ландов“ за случувањата со црквата во Општина Врапчиште.

— реклама —

„Очекувано е сето ова. Јас го најавував сето ова и ова ќе продолжи. Затоа што опозицијата има криза на идеи, криза на проекти, криза на контруктивни предлози и единствен начин за да привлече внимание е токму овој, а тоа е со етнички а сега отидоа и чекор понатаму со верски тензии. Не очекувам дека овој изолиран случај ќе заврши тука и ќе престане “ вели во премиерот Христијан Мицкоски во „Претрес со Ландов“.

Тој додава дека во инцидентите учествуваат партиите од опозицијата и од македонскиот и албанскиот политички блок.  Мицкоски додаде дека ова е погрешен начин и стратегија за делување, бидејќи овие конфликти само создаваат негативни чувства кај граѓаните.

— реклама —

На прашањето дали ДУИ сака да се врати на власт преку вакви инциденти, Мицкоски рече дека не е само ДУИ, туку има партии и од македонскиот блок кои се опозиција.

Мислам дека на ваков начин тие со ова создаваат дополнителни негативни чувства кај граѓаните во однос на нивното функционирање. Друго е вие да излезете во јавноста со идеи, проекти, издржана критика, но да предизвикувате ваков тип на конфликти, за мене е погрешна стратегија, дециден е Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не може да се очекува криминал да нема, но важно е каква ќе биде борбата против криминалот.

Не можете да очекувате дека нема да има криминал, но, битно е каква е вашата борба со криминалот и дали како политичар зависите од милоста на тие криминални банди. Тоа е суштината, изјави Мицкоски.

Следете го во ЖИВО Претресот на премиерот Христијан Мицкоски и поставувувајте прашања на јутуб каналот на prvatvmk:

GdJUclATll0

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања