Скопје

(Фото) Помрачување во Скопје: Данела, 1.500 улични светилки не работат

Од скоро 9.500 светилки во Град Скопје, 1500 се надвор од функција, а бројот постојано се зголемува поради не водење грижа. Вака загрижен помошник раководител во градот, раководен од Данела Арсовска, ја објаснува состојбата со осветлувањето. До „Скопје1“ е доставена и слика од апликацијата преку која се контролираат светилките, а со која се аргументира дека информацијата е точна. Ако се водиме неа, во секој дел на Скопје има светилки кои не работат.

Сепак, најалармантно е во Градскиот парк, каде според нашиот извор, подолг период голем дел од светилките се вон функција. Ова е место каде во лето и зимо, во ноќните часови, искачаат и шетаат младите. Дека таму осветлувањето мора да биде во функција е фактот што неретко јавноста сведочи дека има инцидентите како тепачки и грабежи. Но, не работат ни дел од светилките на кејот на Варадар, но и низ центарот на Скопје. Подолг период не работат дел од светилките на Бихаќка, Гологанов, Ѓорче Петров, булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Дисфункционалноста на светилките доаѓа во време кога Арсовска и претпријатијата чии директори се именувани од неа, постојат се фалат дека работат и го менуваат Скопје, а градот тоне во нефункционалност за што поплаки имаат граѓаните.

„Скопје1“ постави прашање зошто во време кога секојдневно ПР-секторот испраќа пофалби дека претпријатијата ги извршуваат активностите за кои се основаат и не треба да е ништо невообичаено, скопјани се оставаат во темнина, без светилки. Прашавме и дали воопшто знаат за нефункционалноста на овие светилки, како и дали ќе преземат нешто за итно санирање. Оттаму и не очекуваме одговори, со оглед дека имаме пратено десетина мејлови со прашања од јавноста, кои до денеска се ингорнирани.

Инаку, Скопје го има едно од најдобрите осветлувања во регионот. Овој проект беше реализиран од претходниот на Арсовска, градоначалникот Петре Шилегов. Светилките се контролираат од апликација, а лесно се детектира и секоја нефункционалност со цел замена или поправка на сијалица.

На почеток