🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Влезници за концертот на Адел од 3.500 долари до неверојатни 70.000 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин

По Европа, британската поп пејачка Адел ја продолжува турнејата во Лас Вегас, а цените на билетите за нејзините концерти се енормно високи, што ги налути нејзините обожаватели.

— реклама —

Имено, првите седишта покрај сцената достигнуваат цена од повеќе од 5.000 долари, а оние кои ќе изберат места на последните седишта од салата ќе треба да платат меѓу 3.500 и 4.800 долари.

Препродавачите нудат билети за неверојатно големи суми кои се движат од 13.000 долари па се до 70.000 долари.

— реклама —

Обожавателите изразија гнев и разочарување поради овие цени на социјалните мрежи.

„Таа е неверојатна, но цените на овие билети се превисоки“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Затоа многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, „Имам билети и сега размислувам да ги продадам“, се дел од коментарите.

По оваа турнеја пејачката најави подолга пауза во музичката кариера, а сака да се посвети на актерството.

Потсетуваме, „Адел во Минхен“ беше втора концертна резиденција на британската пејачка, откако пред две години започна низа настапи во Лас Вегас. Турнејата со десет датуми, која вклучуваше два концерта неделно, започна на 2-ри август и заврши на 31-ви август.

Меѓутоа, освен што беше единствената европска турнеја, посебно внимание привлече наменскиот простор во Месе Минхен, кој чинеше дури 100 милиони фунти и имаше капацитет до 80.000 посетители дневно.

Покрај тоа, Адел успеа да постави нов светски рекорд. Всушност, Гинисовата книга на рекорди официјално потврди дека Адел го имала „најголемиот надворешен LED екран“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Адел најави пауза од музиката: Немам никакви планови, но сакам да се занимавам со други работи

Магазин | пред 1 година

How-old-is-Adel-732x526-1

Адел: Тоа беше најлошиот момент во мојата кариера

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања