Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

(Фото) Пешаци одат по булеварот, возилата свират - Градот „мижи“ пред шипките оставени на булеварот во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
DA7A7E22-E45B-49C3-BAFA-88E10C509730

Градежни материјали, буриња, изложени производи – вака изгледа тротоарот на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода кај местото викано „Чешма“. Граѓаните се жалат дека ова е секојдневно слика, а трае со месеци. Според нив, никој не реагира, оти да реагирал, истата слика немаше да ја има и денеска. Ингеренциите за булеварот ги има Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, од која поплаките не земаат помал, туку поголем интензитет.

— реклама —

„Тротоарот во Кисела Вода не се користи повеќе време, луѓето на пат одат, коли и автобуси свират. Измеѓу има и продавница пред која се изложени производи на сред тротоар. Никако не се минува на патот“, вели читател за „Скопје1“.

— реклама —

„Скопје1“ го исконтактира и Градот Скопје и градоначалничката, кои со месеци и години не одговараат на прашања испратени од нашата редакција. Ги прашавме зошто дозволуваат загрозување на пешаците и другите учесници во сообраќајот од страна на лица кои вршат градежни работи. Побаравме и одговор, дали некогаш реагирале и правеле инспекциски работи. Од Градот, за кој многумина ќе кажат дека е претворен во приватно претпријатие, не очекуваме одговор.

Инаку, иако Градот е затворен за одговори, Службата за односи со јавност секојдневно се користи за фалење колку претпријатијата и Арсовска работат, иако, тоа е нивна законска надлежност и за тоа се плаќаат од парите на жителите на Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања