Македонија

(Видео) Можеби се спремале и други ликвидации на други луѓе, а никој ништо не знае – каде беа службите?!, прашува Туфегџиќ

Осомничените за убиството на Вања копалe дупки низ Македонија, една година пред да се случи ликвидацијата. Ова го тврди адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го брани таткото Александар Ѓорчевски во судскиот процес.

Според него, како можело ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата за случајот со двете убиства да седне и напише дури пресуда, а службите да не знаат што правеле овие лица цела година претходно.

„Група си копала дупки низ Македнија, можеби се спремале ликвидации за други луѓе, а никој ништо не знае!“, вели Туфегџиќ.

Во „Претрес“, адвокатот Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, зборуваше и за мотивот на убиството, погледнете го тоа во поткастот:

На почеток