(Видео) Сам се предаде третиот осомничен за грабнувањето на внукот на Бошковски, ексклузивно: Таткото со моќта на Спасовски и Бошковски ме ставија во делото!
Александар Трпковски, третиот осомничен за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, утрово сам се предаде на македонската полиција, која го спроведе во затворот „Скопје“ во Шутка. Додека беше во бегство, екипата на поткастот „Претрес со Ландов“ разговараше со него и тој ексклузивно за првпат ја кажа својата страна од приказната – зошто не се вратил во Македонија кога бил исконтактиран од полицијата.
„Единствен проблем што било е тоа што тој (Самоил) бил со Виктор кој бил мој близок другар. Така излегов јас осомничен, мора Аце нешто да знае! Мора нешто Виктор него да му каже. Неговиот татко со моќта на Оливер Спасовски и Љубе Бошковски, ме става во делото“, вели Трпковски во ексклузивен разговор за „Претрес“, кој се емитува во среда.
Трпковски е третоосомничен во случајот. Според обвинението, заедно со Виктор Милановски кој е осуден, и второ лице од кое земале автомобил, го грабнале внукот на Бошковски.
Во разговорот открива какви закани добивал откако исчезнал Костадиновски, детали за таткото на исчезнатиот, но и за бизнис-зделките кои ги имале. Какви биле односите на Трпковски и исчезнатиот, како станал осомничен, од кого добивал закани?
Каде е Самоил?
Среда, 21 часот, во живо.
СТАВЕТЕ САБСКРАЈБ НА ЈУТУБ – КАНАЛОТ ПРВАТВМК – https://www.youtube.com/@prvatvmk