Македонија

Се судрија трактор и „сузуки“ во струмичко, тешко повредено едно лице

Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон 595“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот К.И. од село Мокриево, струмичко и патничко возило „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот Ѓ.Б. од село Градашорци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На почеток