Медиасет

Ѓоковиќ на списокот кандидати за уште еден турнир – големо прашање е дали ќе игра таму

Новак Ѓоковиќ е на списокот на пријавени натпреварувачи за Мастерсот во Париз годинава.

Турнирот од серијата 1000 се игра од 26 октомври до 3 ноември, а Новак таму треба да ја одбрани титулата.

Сепак, се уште не е сигурно дека Ѓоковиќ ќе го видиме во салата во главниот град на Франција, бидејќи тој го нема потврдено учеството на тој турнир.

Новак моментално се наоѓа во Кина каде ќе настапи на Мастерсот во Шангај, а потоа ќе одлучи што ќе прави до крајот на сезоната.

На списокот со пријавени натпреварувачи за Мастерсот во Париз се сите играчи од топ 10 на АТП листата, а на списокот е и Марин Чилиќ, кој неодамна се врати на терените откако се опорави од повредата.

Останатите српски тенисери во моментов ги нема на списокот учесници, но Миомир Кечмановиќ е 13-ти на листата на алтернативи, односно резерви.

Мастерсот во Париз е еден од омилените турнири на Новак и може многу да му значи оваа сезона во борбата за пласман на завршниот Мастерс, но и за што подобар пласман на АТП листата, што е важно за почетокот на следната сезона, поточно Австралија Опен.

На почеток