(Видео) Ковачевски во Претрес: Добро е што се укина балансерот


Добро е што се укина балансерот, вака во Претрес со Ландов, поранешниот премиер и лидер на СДСМ, актуелен пратеник, Димитар Ковачевски ја коментираше денешната одлука на Уставен суд.
Балансерот е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните амандмани.
„Но, балансерот потоа се злоупотребуваше. Македонци се изјаснуваа за Албанци, Роми Турци, Албанците за Турци, Власи за вработување и не ги даде резултатите“, рече Ковачевски.
Конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.
„Ова е одлука на Уставен суд и не се коментира. Надминато е решението. Добро е што се укина балансерот бидејќи ќе треба ново решение“, рече Ковачевски.
