Македонија

(Видео) Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања, ќе сведочи во суд

Денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Во судот се појави и мајката на убиената Вања, Зорица која денеска ќе сведочи.

Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.

Токму поради неговата хоспитализација рочиштата закажани за минатата недела беа одложени.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.

Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

На почеток