Македонија

Мајката на Вања: Александар тврдеше дека Вања е киднапирана а на прашањето зошто – одговараше нема што друго да биде

Зорица Ѓорчевска, мајка на грабнатата и убиена Вања Ѓорчевска, пред судот сведочеше за критичниот ден кога исчезна девојчето. Пред судот посочи дека не познава никој од обвинетите, како и дека не е скарана со таткото Александар. Вања тргнала од дома во 07:45 минути, а во 7:43 добила порака од класната дека Вања не е на час. Ѓорчевска сведочи дека таткото Александар и кажал дека ќерка му може само да е киднапирана и нема што друго да биде.

„Од 9 ти септември живееме на Борче Наумовски .Вања околу 7:20 се подготви и излезе за на училиште. Јас во 7:45 излегов за на работа класната ми имаше во 7:43 беше пратена пораката и јас веднаш и свртев. Јас не знаев што да правам дали да влезам во автомобил или да одам пешки до училиштето. Со Александар се упативме на локацијата каде што последен пат и го покажуваше телефонот на Вања. Не ми рече ништо, јас влегов во автомобилот. Колегите од мојот оддел, веднаш дојдоа и полицијата им рече дека ќе добијат налог и да проверуваат каде е сигналот на телефонот“, рече Ѓорчевска.

Таа посочи дека со таткото Александар се разделиле во моментот кога дошле двајца полицајци.

„Јас отидов во станот, а Александар на локацијата“, додава таа.

Потоа, посочи дека Александар и кажал дека Вања е киднапирана.

„Тврдеше дека Вања е киднапирана а на прашањето зошто – одговараше нема што друго да биде“, додаде Ѓорчевска.

Зорица објаснуваше и за вообичаената пракса, како Вања заминувала во училиште со сестра и.

„Децата вообичаено одеа заедно. Генерално кога имаа часови дека не смеат доцнат. Секој петок Вања одеше сама затоа што помалата ќерка одеше од 8:10. Класната беше болна и поради губеа први час“, додаде Зорица Ѓорчевска.

Раскажа како течел и обидот за пронаоѓање на Вања.

„На ниту една снимка, на ниту една камера ја намаше Вања. Се понудија повеќе фирми бурекчилница приватни куќи ни даваа снимки за да видиме за да можеме да ја најдеме Вања но нејзе ја немаше“, додаде Ѓорчевска.

„Во прегледувањето на камерите – Сашко ги гледаше камерите и незнам кој ден се појави Гоце Трајковски кој дојде да му помогне на Сашко за да ги гледаат камерите. Со Гоце не се познавав лично знам кој и имав слушнато. Незнам како помагаше, они беа во собата, работеа ги прегледуваа камерите разговараа со полицијата. Имал пријатели во полицијата ги знаел инспекторите и во тој контекст се разговараше“, додаде Ѓорчевска.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.
Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

На почеток