(ВО ЖИВО) Вилма Русковска за „Претрес“: Мислам дека СДСМ ме спакува со помош од ВМРО-ДПМНЕ
Екс шефицата на ОЈО ГОКК, разрешена од функцијата, Вилма Русковска, гостуваше во „Претрес“ кај Ландов.
Таа е среќна што жива и здрава дочекала пензија.
„Јас не сум верник и не верувам во колнење. Тие што колнат ги стигнува казна”, рече Русковска.
Таа се уште се шета со обезбедување. Русковска посочи дека обвинителите се само странка во постапката. Судиите го имаат последниот збор.
„Секогаш сум работела според докази.
Совесно сум ја работела работата. Чиста ми е совеста”, вели Русковска.
За изјавата пред 4 години дека и да сакаат не можат да ја сменат, вели „они не ме сменија, туку ме разрешија“.
„СДСМ ме спакуваа со помош од ВМРО-ДПМНЕ”, рече Русковска, посочувајќи дека има адут да докаже за СДСМ. Според неа, сѐ почнало кога почнала да ги гони поранешните генерални секретари на Владата, Рашковски и Зекири.