„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„Планот на Зеленски е глупав и нелогичен“, вели портпаролот на Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
peskov-zelenski

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков денеска изјави дека победничкиот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски има за цел да го официјализира учеството на НАТО во конфликтот во Украина.

— реклама —

Песков рече дека Зеленски со овој план сугерира: „Да, НАТО претходно учествуваше во конфликтот, но неофицијално. Сега сакаме официјално да го имаме НАТО на теренот“. Песков го нарече планот кусоглед, непромислен и нелогичен со оглед на моменталната ситуација.

Според него, „планот за победа“ не е план за мир, туку за дополнително влошување на ситуацијата и наведе дека таквиот план може да ги доведе НАТО и Русија на „работ на конфликтот“.

— реклама —

Коментирајќи ја реакцијата на Западот, Песков посочи дека западните земји очигледно не се задоволни од „планот за порамнување“. Тој додаде дека Европејците не биле воодушевени од овие предлози, кои ги оцени како нелогични и, како што наведе, „глупави“.

Зеленски пред два дена во украинскиот парламент Врховна Рада претстави „план за победа“ кој се состои од пет точки. Првата точка се однесува на официјалната покана на Украина за членство во НАТО, додека трите точки се доверливи. Други точки од планот вклучуваат одбрана, ненуклеарно одвраќање, економија и повоена безбедносна архитектура во евроатлантската област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања