🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Кешишов нѐ однесе до телото, викаше ‘Палчо ќе не убие’ – се шокиравме, сведочи началник за пронаоѓањето на убиената Вања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
keshishov

Обвинетиот Влатко Кешишов ги однел полицајците до местото каде била закопана убиената Вања, сведочи во судница Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје. Тој кажа дека тимот на МВР бил во шок кога отишле на местото. Сведокот посочува дека Кешишов се плашел дека Љупло Палевски-Палчо ќе го убие, ако каже сѐ што знае.

— реклама —

„Цело време му викал на колегата дека се плаши дека Палчо ќе го убие, имал многу луѓе во полиција. Тогаш ни рече ќе не носи кон ридот (во Бразда). Бараме нешто, некој леш, ама не знаев што бараме. Покажуваше со главата, не покажуваше со рака. Покажуваше кон мушама перници, ги тргнавме и видовме земја“, раскажува началникот.

Тие копале и виделе дека земјата е мека. Кешишов покажал кон местото каде е закопана Вања, а додека полицајците ги растегнувале ѓубрињата не сакал да гледа со грб бил свртен.

— реклама —

„Дојде колегата и ни кажа дека Кешишов му рекол дека тука е маленкото, девојчето Вања. Го викнавме да копа и тој со нас. Дојде зема стап и копаше. Потоа пак се помести. Кога дојдовме до телото шок, солзи ни дојдоа на очи. Ги известивме сите“, вели началникот.

Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје посочи дека тие биле во шок: „Девојчето како го извадија беше буквално како живо. Рацете и нозете и беа врзани. На устата имаше лента. Не видовме траги на насилство“.

Сведочењето е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања