Македонија

АХВ во ЗОО, институцијата затворена: се проверува сомнежот за присуство на птичиј грип

Агенцијата за храна и ветеринарство од утрово е во скопската Зоолошка градина. Од таму се земаат примероци за испитување, со цел, проверка дали има присуство на птичиј грип.

Инспекторите ја испразниле зоолошката, со цел да се извршат сите проверки, па да се потврдат или негираат сомнежите за ова заболување кое се пренесува на луѓето.

„Скопје1“ побара став од директорот на ЗОО, Зоран Попов, кој не одговара на пораката. До овој момент, нема информација ниту од Град Скопје, под чии ингеренции е Зоолошката градина.

Исконтактиравме и со Оливер Миланов, директор на АХВ, кој е на лице место, но во моментот не ни одговори на позивите.

На почеток