Експлозивна направа фрлена во штаб на партијата на Самка Ибраимовски: Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета
Од
Објавено на
Денеска во клубот на ПЦЕР на улицата Иво Лола Рибар бр. 152 во Тетово фрлена е експлозивна направа.
Сите прозори се искршени, а причинета е значителна штета, соопшти Самка Ибраимовски, претседател на Партијата за Целосна еманципација на Ромите од Република Северна Македонија – ПЦЕР.
„Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и непочит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, вели Ибраимовски.