Свет

Ураган ги парализира Ирска и Британија: ветровите носат се пред себе, авионите не можат да слетаат

Силна ураганска бура ја погоди северозападна Европа.

Ураганската бура ја донесе многу силен циклон од Северниот Атлантик, кој ги погодил Ирска и Британските острови.

Циклонот донесе бурни ветрови и многу обилни врнежи од дожд. Невремето најмногу ги погоди Ирска, Велс и Шкотска.

Овие области беа погодени од урагански ветрови со брзина од 120 km/h, со многу обилни врнежи.

Ураганот затвори и некои аеродроми, а на многумина им ги попречи летовите, па многу авиони не можеа да слетаат.

Ураганот го погоди и Даблин, со ветрови од 100 км/ч.

Невремето денеска ќе се движи посевероисточно и ќе ослаби на пат кон Норвешка, но сепак ќе биде многу силно.

На почеток