Скопје

(Видео) По глувците, сега и змија се прошета низ скопскиот плоштад

Змија си се прошета на скопскиот плоштад „Македонија“. Ова е вторпат за краток период, граѓаните да бидат сведоци на ваква слика.

Кај Романска амбасада на ул. Рајко Жинзифов беа снимени мачка и глушец кои се бркаа.

Убиен глушец беше снимен и пред една недела. Беше оставен мртов на мостот покрај кејот на Вардар, каде постојано има туристи.

Дали се прави дезинсекција и од каде појавата на змии и глувци низ центарот на градот – не е познато. Она што е јасно е дека скопската градоначалничка Данела Арсовска нема одговорено на над 15 дописи со прашања од нашата редакција – меѓу кои, многу во кои прашуваме и за хигиената во Скопје. Дел од граѓаните имаат впечаток дека појавата на глувци и змии е резултат на нечистотијата која владее.

На почеток