Свет

(Видео) Објавена снимка од апсењето на Илир Мета

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, вчера беше уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал на таа земја.

Тој беше уапсен на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција. Според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“.

Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политички прогон.

На почеток