Вработени во ЗОО се оградија од раководството: Се прелеа чашата
Синдикалната организација на СОНК при ЗООЛОШКА градина, Скопје, го демантира соопштението за јавноста што е поставено на Facebook страната на ЗОО градина, дека таму влегле лица со оружје и извршиле масакр врз птиците без документи.
„Тврдењата во Соопштението дека инспектори на Агенциата за храна и ветеринарство (АХВ), придружувани од лица со оружје упаднале во 300 Скопе и извршиле масакр врз птиците, без налог, решение или друг доказ се невистинити. Постапката беше уредно спроведена, со соодветна документација, согласно закон. Имено, од страна на надлежен официален ветеринар, спроведен е надзор во ЗОО Скопје и наредени се мерки за надзор на болеста, а согласно Законот за ветеринарно здравство и Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авизарна инфлуенца (вирус на Птичіи грип). Агенцијата нареди и мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во 300 Скопе, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел да се сузбие болеста и да се спречи нејзино ширеье надвор од 300 Скопіе кај животните и кај луѓето“, стои во демантот од членовите на СОНК – вработени во ЗОО Скопје.
Тие додаваат: „Со цел да ја разјасниме ситуацијата во коа се наоѓаме, би сакале да потенцираме неколку работи. Во изминатиот период, ЗОО Скопе jа пратеа низа инциденти, позади кои сметаме дека стојат политички мотиви. Би сакале, како вработени во ЗОО Скопе, да jа известиме јавноста и да се оградиме од сите политички злоупотреби кои се ставаат на наш грб.
Последниов инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина, кон се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кон се поврзуваат во материјалот, jа прелеа чашата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го обавија видео материјалот“.