Македонија

(Видео) Мрдна истрагата за младиот ди-џеј Љупчо, но уште нема обдукциски наод: додека семејството го исплакува, и натаму не знаат како почина

Сведоците од забавата во Радишани кои виделе што се случило со младиот ди-џеј Љупчо Лешко, кој почина на приватна забава – повикувани се во МВР да дадат исказ, дознава „Скопје1“. Според нашите информации, по поткастот „Претрес“ каде родителите јавно сведочеа дека никој не презема ништо за да се утврди како го загубија нивниот син – истрагата мдрнала од мртва точка. Обвинителството за кое семејството кажа дека цело време било заангажирано да се утврди како Љупчо починал, сега испратило и ургенции.

Семејството Лешко веќе сподели со јавноста преку „Претрес“ дека и други деца се пожалиле дека на изнајмениот имот каде била забавата, ги пецкало струја. Едно од децата посочило и дека струја здрмало и кога ја допрела миксетата на која работел сега починатиот Љупчо.

Лешко бараат да се утврди точната причина за смртта, бидејќи од Судска медицина трети месец немаат извештај, а тие имаат живо дете на хартија, додека секојдневно му одат на гроб. Сметаат дека одговорност треба да се понесе ако истата се утврди, но дека би прифатиле и ако истрагата не утврди вина кај никого.

Потресното сведоштво погледнете го тука:

На почеток