Македонија

(Видео) Таткото на Самоил за Претрес: Немавме влијание со Љубе Бошковски, полицијата не ја заврши работата

Амфасот кажуваше дека бил поврзан со Самоил и со полицијата, рече во „Претрес“ со Ландов, Љупчо, таткото на Самоил.
„Немал Самоил на никого наштетено. Имав сознанија од еден инспектор дека трошеле и од организиран криминал му давале пари.
Парите се целта.
Немавме влијание со Љубе Бошковски”, рече Љупчо. „Немаме, рече сознанија, каде го однеле Самоил“.

„Полицијата не ја заврши работата”, рече таткото, не прецизирајќи кој ова му го кажал. Не потврди дека одел по семејства на обвинетите за да ги убедува кој е виновен и не се заканувал никому.

„Нека кажат каде е син ми, каде е утепан и закопан, тоа ме интересира, јас не верувам дека полицијата ја заврши работата”, рече Љупчо.

Прво го фалел Оливер Спасовски, но сега тврди дека полицијата не ја заврши работата и го заташка случајот.

На почеток