„Нарко босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска: Колку му платил нарко босот Барон на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува СДСМ
„Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување“, прашуваат од СДСМ.
„Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат?
Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал.
Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи.
Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето.
Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.