Свет

(Видео) 15-годишно момче упадна во полициска станица во БиХ, со нож уби полицаец: нападот е прогласен за тероризам

15-годишен тинејџер синоќа ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа при што уби еден полицаец, а друг тешко ранил.

Напаѓачот влегол во полициската станица и прво со нож нападнал полицаец, кој веднаш им подлегнал на повредите. Потоа го нападнал другиот, кој бил тешко повреден и веднаш бил пренесен во Кантонската болница „Д-р Ирфан Љубљанкиќ“, каде е во стабилна состојба.

Кликс наведува дека пред нападот на полициската станица, напаѓачот испраќал чудни пораки до познаници, збогувајќи се со нив. Оние кои го познавале наведуваат дека бил склон кон верски екстремизам.

По полициска истрага, нападот е прогласен за терористички чин.

На почеток