Скопје

Прегазен велосипедист во Скопје, возачот избегал од местото на несреќата

Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од 75-годишниот Р.У. од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток