Македонија

Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 57-годишниот Ѓ.П. од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“.

Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“.

Ѓ.П. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.

На почеток