На Балканот пристигнува вистинска зима која ќе донесе снег од над 30 сантиметри
Според најновото денешно ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 Ноември, па во деновите потоа, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент.
Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона.
Во поголем дел од Балканот барем со информациите кои располагам моментално ќе се формира и снежна покривка (од 5 до 10 cм, додека локално, и најпогодена од овој снежен бран би била погодена Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 cm снег во градовите, а над 30 cm снег на планинските места).
Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона.
НАПОМЕНА од Попоски: Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба. Ако ова остане вака, а моделите се искрено упорни за сериозно зимско сценарио на самиот почеток од Ноември на Балканот, да се спремаме за невообичаенбо ниски температури за првата декада од Ноември, и за многу рано пристигнување на зимата оваа година.