Македонија

Изет Меџити отфрли можност да ја напуштат Владата

Вицепремиерот Изет Меџити ја отфрла идејата за напуштање на Владата. Тој истакна дека секојдневно работат напорно и дека врвен приоритет на Владата е евроинтеграција и дека тоа е единствениот пат на државата.

Изет Меџити потенцира дека во изминатиот период Владата го реализира приоритетот на ВЛЕН за борба со казино бизнисот каде има видливи резултати, но и дека еден од столбовите на соработка е и децентрализацијата каде се случува револуција.

На почеток