Македонија

Старец со повреда донесен во болница: внуците раскажале што се случувало, лицето прнесено на лекување во Скопје

На 25.10.2024 во 17.25 часот во СВР Куманово од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен А.П.(70) од Куманово со повреда во пределот на главата. Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било на местото на настанот и извршен бил увид и притоа бил извршен службен разговор со неговите двајца малолетни внуци.

Тие појасниле дека откако нивниот дедо не им отворил врата, се посомневале дека нешто не е во ред и насилно ја отвориле вратата и влегле во домот при што го пронашле нивниот дедо со повреда на главата.

А.П. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток